Crusader апликација - инстант веб сајт

Почетна - Crusader апликација - инстант веб сајт

Во време на дигитална ера незамисливо е вашиот бизнис, занает или професија да бидат невидливи во дигиталниот свет.

Со нас тоа не мора да биде така и за само 19 евра месечно можете да добиете професионален веб сајт што ќе Ве претставува пред потенцијалните клиенти, односно јавноста.

Тоа што нашиот веб сајт го прави специфичен е што е динамичен (повеќето што се нудат на пазарот се статични, потребно е да ангажирате веб дизајнер за да ви направи ажурирања или да внесе нови содржини и слично), функционира со помош на база на податоци, односно внесувањето на содржина, односно ажурирањето на содржината е сосема лесно, се сè прави со неколку кликнувања, па не сте зависни од било кого за да можете навремено да објавувате содржини од вашиот веб сајт.

Сајтот вклучува апсолутно највисоко ниво на безбедност, односно пристапувањето до вашата содржина се прави преку криптички код со https протокол, а во случај https протоколот да биде надвор од функција тогаш размената со серверите на сензитивни податоци се врши повторно преку криптички код директно преку Вашиот пребарувач.

Освен тоа, зачувувањето на сензитивните податоците во базата на податоци се врши на криптички начин, а тоа едноставно значи безбедност повеќе.

Во рамки на оваа цена влегува едногодишен хостинг и регистрација на домен име. Хостингот го вршиме преку сигурни и докажани хостинг сервиси, а истото важи и за регистрацијата на домен името.

Благодарение на нашата Crusader апликација, освен македонска верзија на веб сајт, можете да добиете и англиска верзија, а во рамки на договорот за хостирање добивате и бесплатен превод до 2 страни текст (1 страна 1800 карактери со празен простор), а во случај текстуалната содржина да е повеќе од 2 страни текст со мала доплата за преведувачки услуги ќе можете целиот македонски веб сајт да го претставите и во англиска верзија.

Освен сајтот што е динамичен, што работи врз основа на база на податоци, тој е и респонзивен, односно знае да препознае дали до него се пристапува од телефон, таблет или компјутер, па следствено на тоа одредени делови од него се распоредуваат за да бидат подостапни и полесни за преглед од страна на посетителот на веб содржината.

Сајтот може да се поврзе со ваш социјален медиум па така секоја содржина на пример што вие би ја внеле на вашата Facebook страна ќе биде видлива и на вашиот веб сајт, а освен тоа Facebook корисниците ќе имаат можност и да коментираат и да ставаат лајкови на вашата содржина на вашиот веб сајт.

Исто така, на вашиот веб сајт може да се прикажуваат и Youtube видеа, може да се прикачуваат фајлови што подоцна би можеле да се преземаат од вашите посетители, може да се прикачуваат фотографии што подоцна би можеле да се гледаат преку вградена галерија, а веб сајтот има и пребројувач на посетители, односно ќе знаете колку пати одредени страници од Вашиот веб сајт биле посетени.

Во рамки на Crusader апликацијата за истата да биде активна се што треба да се стори е да се прикачи Вашето лого, да се стави содржината (Почетна страна, страна за Услуги на пример, страница што Вас ќе ве опишува, страница за Контант и тн) и станувате видливи за дигиталниот свет. По ваша желба можеме да додадеме одредени работи, на пример форма за правење нарачки што би се праќале на вашата електронска пошта и слично.

Како експерти на ова поле, покрај инсталацијата и одржувањето на Вашиот веб сајт, можеме да Ви понудиме помош и околу креирањето на Вашата Facebook страница и прикачувањето на истата на Вашиот веб сајт, но исто така можеме да Ви понудиме и помош од доменот на графичкиот дизајн со цел Вашиот веб сајт да биде што побрзо активен и достапен за Вашите клиенти!

Вашиот веб сајт благодарение на нашата апликација ќе ги следи SEO (Search Engine Optimization) стандардите, односно за кратко по креирањето на веб содржините истите ќе бидат лесно достапни за пребарувачите како што e Google, Yahoo, па благодарение на ова Вие ќе бидете повидливи во дигиталниот свет. А се разбира, од аспект на видливост, можеме и да ви помогнеме околу креирање на online маркетинг кампањи на Facebook, Instagram или Google, во случај да немате доволно познавање од оваа област!

Со нас, www.kreirame.com, заедно можеме да го креираме Вашиот перфектен веб сајт, достапен како на македонски, така и на англиски јазик!



Purchase the Crusader Application/Купи ја CRUSADER апликацијата

Copyright © www.educirajse.com - 2014 and www.kreirame.com 2024
Сите права се задржани

Услови на користење | Политика на приватност